Ова се најдобрите музички албуми за 2022 година

Фото: Инстаграм/Трејлор Свифт/Бијонсе/Хари Стајлс

Годината којашто полека, но сигурно изминува ни донесе повеќе одлични музички албуми, а веб-страницата „Пејџ сикс“ на „Њујорк Тајмс“ направи топ-листа со десетте најдобри изданија за 2022 година.

Сосема очекувано, меѓу нив се најдоа имиња како Бијонсе, Хари Стајлс, Лизо, Дрејк и Тејлор Свифт, но дел од изведувачите на листата беа и вистинско изненадување.

Во продолжение, погледнете ги албумите кои ја одбележаа 2022 година.

10. Дрејк, „Honestly, Nevermind“

Дрејк повеќе не го продуцира истиот звук по кој беше претпознатлив за него пред десет години. „Пејџ сикс“ пишува дека раперот ги отфрлил своите хип-хоп корени и дека вметнал раскошни клубски ритми со заносни звуци и дека речиси никој не очекувал такво нешто од него.

9. „Вет лег“, „Wet Leg“

Според „Пејџ сикс“, оваа инди-рок група важи за аутсајдер на годинашното доделување на музичките награди Греми, но дека не треба да се потценува нивната музика. Првенецот на ова алтернативно дуо е колекција на остри мелодии со дрски текстови за „влажни соништа, думскролинг(прекумерено читање лоши вести на социјалните мрежи) и купување намирници под дејство на марихуана“.

8. Тејлор Свифт, „Midnights“

Најновиот музички албум на Тејлор Свифт е нешто поинаков од останатите во нејзината дискографија. „Пејџ сикс“ пишува дека Свифт неверојатно документирала 13 непроспиени ноќи со автобиографски реплики за самопрезирот во песната „Anti-Hero“, за растењето во песната „You’re On Your Own, Kid“ и љубовните слетки во песната „Mastermind“.

7. Лизо, „Special“

Продуцентите Макс Мартин и Марк Ронсон ѝ обезбедија загарантиран успех на Лизо со своето учество во создавањето на албумот „Special“. Годинава, харизматичната раперка успешно се држеше до својот музички стил, објавуваќи хит по хит, како што се „About Damn Time“ и „2 Be Loved“.

6. Зак Брајан, „American Heartbreak“

Малкумина музичари можат да издадат троен албум како свој првенец, во издание на голема издавачка куќа и да привлечат голем број слушатели. Токму тоа му успеа на Зак Брајан со албумот „American Heartbreak“, во кој ги раскажа последните пет години од својот живот.

5. Росалија, „Motomami“

Ако постојат граници, тогаш Росалија ќе ги помести, пишува „Пејџ сикс“. Нејзината експериментална песна „Motomani“ е еден голем среден прст на постоечките музички жанрови, во која се споени фламенко, хип-хоп, регетон и бачата. И, некако, сѐ тоа функционира одлично во целина.

4. „1975“, „Being Funny in a Foreign Language“

Мети Хели е еден од најхаризматичните фротмени на денешницита, а неговата група важи за една од најдобрите алтернативни рок-групи во моментов. Затоа, сосема очекувано, нивниот најнов музички албум „Being Funny in a Foreign Language“ се најде на оваа листа.

3. Бед Бани, „Un Verano Sin Ti“

Бед Бани имал само една цел во процесот на правењето на овој албум – да биде најсреќниот албум во неговата кариера. Неговата мисија е успешна, пишува „Пејџ сикс“. „Un Verano Sin Ti“ делува како радосен одмор низ Карипските острови, оддавајќи им почит на вештите локални музичари. Со летните химни како „Tití Me Preguntó“ и „Después de la Playa“, не е ни чудо што „Un Verano Sin Ti“ беше најстримуваниот албум на годината.

2. Хари Стајлс, „Harry’s House“

Хари Стајлс е, без конкуренција, најавтентичниот поп-пејач во моментов. Неговите верни обожаватели, кои го следат уште од тинејџерските денови во музичката група „Уан дајрекшн“, се свесни за неговиот музички талент, но овој албум го лансираше Стајлс на едно сосема ново ниво.

1. Бијонсе, „Renaissance“

Бијонсе со овој албум ѝ дозволи на музиката да зборува сама за себе. Таа не сними ниту еден музички спот, не одржа ниту еден концерт и не сними документарец за самиот албум. Според „Пејџ сикс“, „Renaissance“ е триумф на нејзината музичка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот