„Ова е последно“: Енрике Иглесијас најави дека ќе се „пензионира“ од снимањето албуми

Енрике Иглесијас / Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас реши да се „пензионира“, барем кога се во прашање студиските албуми.

Според „Дејли мејл“, албумот „The Final Volumes“ е последниот што Иглесијас ќе го објави во една ваква форма.

Една од најголемите музички ѕвезди од шпанското говорно подрачје ги шокираше своите обожаватели на почетокот од промотивната кампања со изјавата за „Тудеј“: „Албумот е готов. Всушност, тој ќе биде објавен во февруари. нив. Целосно е завршен, она што сакам следно да го снимам се неколку видеозаписи пред вториот дел од мојата концертна турнеја и да ги објавам“.

Фото: EPA-EFE/Marton Monus HUNGARY OUT

„Јас работев на овој албум неколку години. Ова за мене ќе биде, како што реков, мој последен албум. Тоа е тоа. Знам дека веќе нема да снимам албуми“.

Сепак, тој нема да престане да се занимава со музика во целост. Иглесијас ќе продолжи да објавува синглови, а и да работи на други и поинакви музички проекти.

Во моментов, тој е на турнеја со Рики Мартин и Питбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот