
Отриени детали за бебето на Наоми Кемпбел: Посвојување или сурогат мајка, еве која е вистината и со кој ќе го одгледува!
Како што тврди извор близок на славната манекенка, Наоми живее во Америка со партнерот кој го крие од јавноста и е пресреќна поради раѓањето на својата наследничка.
Препорачано
Британскиот супермодел Наоми Кемпбел (50) ги изненади корисниците на Инстаграм кога пред 2 дена објави дека станала мајка за првпат на 50 годишна возраст.
View this post on Instagram
Многумина се запрашаа како манекенката го добила ова дете, па токму затоа извор близок до Наоми излезе со детали.
„Наоми живее во Америка со партнерот и навистина е среќна. Конечно почувствува дека е совршено време да стане мајка. Карантинот и овозможи малку да запре со ангажманите и да им се посвети на важните работи, па така таа заклучи дека е време да основа семејство“, изјави изворот за странските медиуми.
Кој е партнерот на славната манекенка се уште не е познато.
ФОТО | Наоми Кемпбел стана мајка на 50 години: Манекенката шокираше со објавата на Инстаграм
Странските медиуми дознаваат дека детето го родила сурогат мајка.
„Наоми избра сурогат мајка и беше покрај нив сите девет месеци. Пресреќна е поради проширувањето на семејството и многу се радува на секој нареден ден“, изјавија нејзините пријатели.
Инаку, Наоми ги најави овие среќни вести минатата година кога изјави дека 2021 година ќе биде нејзината најсреќна година, но тогаш никој не обрна големо внимание на тоа.