Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа

Фото Архива

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

„Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално”, информира Перн.

„Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби”, нагласи компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот