Откриени детали за тестаментот на Метју Пери: Оставил повеќе од 1 милион долари на фондација

Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / 17 ноември 2022 / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познатиот актер Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година, кога беше пронајдено неговото безживотно тело на имот во Лос Анџелес.

Овој случај ги шокираше луѓето од целиот свет, а токсиколошкиот извештај покажа дека причина за смртта се акутните ефекти на кетаминот и давењето.

Пет месеци по трагедијата се појавија информации и наводната содржина на неговиот тестамент. Вредноста на неговиот вкупен имот се проценува на дури 120 милиони долари, кој го стекнал во текот на неговата успешна кариера, пишува „Дејли мејл“.

Според странските медиуми, Пери оставил повеќе од милион долари на Фондацијата „Алви сингер ливинг траст“ која ја именувал по ликот од филмот „Ени Хол“ на режисерот Вуди Ален. Во документите стои дека вредноста на личниот имот на ѕвездата е „нешто повеќе од милион долари“ – овие пари ги пронашле неговите извршители како дополнителен имот.

Инаку, Метју потенцирал во тестаментот дека секое дете што може да го добие по 2009 година нема „експлицитно право“ на неговото богатство.

Актерот, кој го играше Чендлер Бинг на „Пријатели“ од 1994 до 2004 година – заработуваше 20 милиони долари годишно од серијата. Родителите на Пери најверојатно ќе ги преземат неговите актерски авторски права, како и други делови од неговиот имот, кој ги вклучува неговите мемоари од 2022 година.

Извршители на тестаментот се Лиза Фергусон и поранешната сопруга на Мајк Мајерс, Робин Рузан.

Некој го хакирал профилот на Метју Пери на Икс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот