Некој го хакирал профилот на Метју Пери на Икс

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/matthewperryfoundation

Профилот на починатиот американски актер Метју Пери е мета на хакери. Целта на хакерскиот напад се чини дека била фондацијата, која е основана во чест на ѕвездата на „Пријатели“, како врска за донација, прикажана на врвот на страницата на социјалната мрежа, која ги пренасочувала донаторите на лажна страница која собира донации преку криптовалути, пишува „Скај њуз“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/matthewperryfoundation

Профилот на Инстаграм на Фондацијата Метју Пери објави: „Известени сме дека официјалната Икс страница на Метју е хакирана и ги пренасочува корисниците на лажна страница која собира донации преку криптовалути.

Ве молиме не донирајте преку оваа страница и не споделувајте лажни објави на социјалните мрежи. Единствената веб-страница поврзана со Фондацијата е ‘MatthewPerryFoundation.org’, што значи дека донации добиваме само преку неа“.

„Ова е единствениот официјален профил на Фондацијата Метју Пери на Инстаграм и ние објавуваме само официјални информации. Затоа, пријавете ги лажните сметки и не испраќајте донации преку кој било друг канал освен MatthewPerryFoundation.org. #MatthewPerry“, се предупредува.

Во декември, смртта на Пери беше прогласена за несреќен случај поради „акутен ефект од потрошувачката на кетамин“. Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит американската комедија Пријатели, беше пронајден мртов во својот стан на 28 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот