Откриени четворица мигранти во воз на Табановце

Четворица мигранти од Авганистан ноќеска се откриени на граничниот премин Табановце во вагон на товарен воз кој сообраќал кон Унгарија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во 00.05 часот на Граничниот премин Табановце-железнички  вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од Р.С.Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Р.Грција-Р.Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33).

Мигрантите се однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот