Откриен шверц преку Охридското езеро: Во Поградец паднаа дилери на канабис наменет за македонскиот нарко пазар

Албанската полиција заплени канабис/Фото: Полиција Албанија

Полицијата во Поградец, Албанија разби мрежа која шверцувала наркотици преку Охридското езерото кон Северна Македонија и уапсила 4 лица.

Во рамки на акцијата „Рестарт 15“ албанската полиција, запленила 26 килограми канабис сатива, како и еден рибарски брод, две возила и 4 мобилни телефони.

Четворицата уапсени работеле како група, складирале наркотици во близина на Центарот Расат на Кoран, во село Лин во Албанија каде со рибарски чамци го транспортирале до Македонија.

Во меѓувреме, полицијата продолжува со увидот за откривање и апсење на други лица кои евентуално се вмешани во оваа криминална активност.

Случајот го води Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот