Откриен кој е најголем фактор на ризик: Оваа болест предизвикува најголеми компликации со коронавирусот

коронавирус ковид-19 корона лекари доктори болница лекари машина респиратор италија
Лекари во Италија / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Студија на Универзитетот во Њујорк тврди дека прекумерната тежина е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација заради коронавирусот кај луѓето над 65 години.

Популацијата над 65 години е карактеризирана како ризична група за заболување од коронавирусот.

Старите лица и луѓето со прекумерна тежина имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани заради компликациите кои ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од заболените од рак или со проблеми на белите дробови, предупредуваат истражувачите.

Фото: Unsplash

Од Универзитетот во Њујорк набљудувале повеќе од 8.000 пациенти и откриле дека луѓето преку 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се со најголем ризик од смрт.

Истражувањето открило дека дури 46 отсто од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале над 65.

Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба која најчесто е поврзана со тешката состојба на болеста е прекумерната тежина.

Посебно истражување утврдило дека на пациентите помлади од 60 години дупло поверојатно дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација доколку се со прекумерна тежина.

Новото истражување од Центарот за превенција и контрола на заразни болести, Националниот институт за старост и Националниот институт за Рак на САД, објавено неодамна на ЈАМА сугерира дека патот до долговечноста е полесен доколку сме физички активни, односно доколку пешачиме 6 километри дневно.

ПОВРЗАНО:

Нутриционистката Надица Илиевска открива како рационализација при трошењето и паметна 
консумацијата на храна, која е неопходна во услови кога седиме дома поради Ковид 19 
(ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот