„Отело“ на Украинката Дмитриева го затвора фестивалот „РУТА“ 2023

Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир вечерва во 20 часот го затвора фестивалот „РУТА“ во Драмски театар Скопје. Претставата е копродукција на театарот „Улисис“ од Хрватска и „Сарајевски ратни театар“ од Босна и Херцеговина.

Во претставата улогите ги толкуваат Eрмин Браво, Албан Укај, Ана Марија Брѓановиќ, Давор Сабо, Маја Салкиќ, Јасенко Пашиќ, Снежана Богиќевиќ, Аднан Кресо, Ален Коњиција и Мак Ченгиќ.

На денешната прес-конференција, актерската екипа говореше за процесот на создавање на претставата, за безвременоста на текстот на „Отело“ и посттрауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Посочија дека тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа остава далекусежни трауми на повеќе генерации.

Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Дмитриева и нејзиниот тим од Украина и посочија дека таа го предложила текстот „Отело“ како приказна за херој кој по војната мора да продолжи да живее во мирновременско опкружување.

Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на фестивалот РУТА.

Фестивалската публика на годинашнава „РУТА“ имаше можност да проследи шест претстави на ансамблите членки на РУТА и неколку театарски копродукции што го збогати фестивалот и поврзувањето на театарските куќи во регионот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот