Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“

КК „Макпетрол“, Сараево

Главниот град на Босна и Херцеговина викендов беше домаќин на „Топ-тен турнир“ со најдобрите светски каратисти, како и на „Гран при Сараево“, собир на којшто учествуваа стотина клубови и над 1.000 спортисти, меѓу кои и членови на „Макпетрол“ од Скопје. На топ-тен турнирот имаше 12 учесници од девет држави, а претставници на Македонија беа Петар Заборски и Емил Павлов.

Учесниците беа поделени во четири групи со по три спортисти, најдобриот од групата одеше во полуфиналните борби. Петар Заборски првиот меч го загуби од треторангираниот на светската ранг-листа и третопласиран на последното светско првенство во Дубаи, азербејџанецот Асиман Гурбанли. Во второто соочување Заборски го победи Риад Џухо од БиХ, но тоа не беше доволно за да помине во вториот круг од турнирот. Емил Павлов, пак, ги загуби двата меча, прво од Ерман Елтемур од Турција, а потоа и од крајниот победник на турнирот, Енес Гарибовиќ од Хрватска.

КК „Макпетрол“, Сараево

На „Гранд при Сараево“, пак, каратистите на „Макпетрол“ освоија осум медали од кои четири златни и четири бронзени. Со златни признанија се закитија Јована Мицовска, (јуниорки – 59 кг.), Стефан Стојановиќ (+ 84 кг., У21 и сениори), Димитар Лозановски (јуниори -76 кг.) и Викторија Јовановска (У21, – 68 кг.). Бронзени одличја освоија: Mарија Петровска (-50 кг.), Викторија Јовановска (сениорки, -68 кг.), Моника Пендаровска (сениорки, -61 кг.) и Давид Петков (сениори, -75 кг.).

– Учеството на овој турнир беше успешно, освоивме осум медали и презентиравме врвно и модерно карате. Направиме уште една значајна контрола на спортската форма на нашите членови. Младите репрезентативци, кои треба да земат учество на претстојното европско првенство во Прага, Стефан Стојановиќ, Јована Мицовска и Марија Петровска имаа добро претставување. Особено би ја издвоил младата јуниорка Јована Мицовска, таа имаше пет победи во својата категорија и покажа дека моментно е најдобра млада каратистка во регионот. Нашиот сениор Петар Заборски, имаше одлично преставување и настап на турнирот каде што имаше само 12 учесници и секој секого победи, едноставно, немаше непоразен учесник. Тоа докажува дека учесниците беа максимално мотивирани за да ги покажат своите мајсторски техники – изјави тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.

Погледнете ги фотографиите:

КК „Макпетрол“, Сараево
КК „Макпетрол“, Сараево
КК „Макпетрол“, Сараево
КК „Макпетрол“, Сараево

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот