Осум изборни единици – предлог заснован на наука или предлог кој ја зацврстува позицијата на ДУИ?

Нашиот предлог за осум изборни единици е единствениот предлог заснован на наука во согласност со околностите во нашата земја. Експерти и професионалци од различни области заклучиле дека Северна Македонија е таква што треба да се подели на осум изборни (развојни) единици, изјави за „Слободен печат“, Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.

– Вака велат експертите. Потоа, со осум изборни единици се елиминира потребата од законска интервенција пред секој изборен циклус со преместување на избирачки места од една единица во друга. И со овие интервенции законот двапати е прекршен бидејќи разликата меѓу единиците била поголема од дозволениот праг. Значи, со нашиот предлог сите досегашни проблеми се отстранети, изјави Снопче.

Од друга страна, пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека доколку се прифати предлогот на Алијансата за Албанците за изборен модел со осум единици, ќе се зајакнат позициите на Демократската унија за интеграција.

„Ако се прифатат 8 изборни единици. Само ќе ја зацврстите позицијата на ДУИ. Затоа што ќе се раситнуваат гласовите и ќе изгубиме сите мали политички партии“, изјави Трајанов за Тв21.

Но, од Алијанса за Албанците велат дека кога го давале овој предлог, не направиле калкулации и пресметки кој би имал корист од предлогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот