ОСУМ ГОДИНИ БЕЗ ЕЈМИ: И по смртта, таа продолжува и понатаму да фасцинира

Profimedia
Фото Профимедиа

Пред осум години почина Ејми Вајнхаус, а како официјална причина за смртта е наведено труење со алкохол во комбинација со здравствени компликации.

Таа беше позната по својот длабок, но експресивен вокал, а во своите песни создаваше уникатен микс на соул, блуз и џез. Првиот албум „Frank“ во 2003 го привлече вниманието на јавноста и доби многу позитивни критики, но вториот студиски албум „Back to Black“ ѝ донесе пет Греми награди.

Но, освен по успешната музичка кариера, Ејми беше позната и по нејзиното скандалозно однесување и зависноста од алкохол и наркотици, особено во текот на бракот со Блејк Филдер Сивил.

Исто така, неколкупати била хоспитализирана поради предозирање со лекови и наркотици, а се борела и со депресија и нарушувања во исхраната. Меѓу другото, страдала и од респираторни проблеми.

Нејзиното тело на 23 јули го пронајдоа телохранителите, кои подоцна посведочиле дека во последните неколку денови од животот пејачката била често поднапиена, се смеела, слушала гласна музика и гледала телевизија.

Според резултатите од аутопсијата, доколку не страдала од булимија, пејачката би можела полесно да ги сноси последиците од злоупотребата на лекови и наркотици, но нејзиното слабо тело не успеало да го издржи тој товар.

Својот последен концерт Ејми го „одржа“ во Белград, видно под дејство на алкохол или наркотици, без да успее да испее ниту една песна. Наводно, нејзиниот менаџмент не го прекинал настапот за да може да ги „одработи“ договорените минути, за да го добијат целосниот хонорар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот