Осум членови на Исламската држава убиени во Авганистан

Кабул, Авганистан/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Осум членови на Исламската држава се убиени, а седум се уапсени во нападите врз засолништата на терористичката група во Авганистан, изјави денеска портпаролот на авганистанската администрација со која раководат талибанците.

Опишувајќи ги рациите во средата, портпаролот Забихулах Муџахид на Твитер рече дека овие членови на Исламската држава одиграле голема улога во неодамнешниот напад на хотел во Кабул, популарен меѓу кинеските државјани, како и дека го отвориле патот за странските членови на Исламската држава во Хорасан, локален огранок на ИД, да дојде во Авганистан.

„Многу оружје и експлозиви дојдоа во рацете на безбедносните сили“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот