Осудените за „Диво насеље“ треба ги одлежат казните во земјава, смета Петровска

Фото:МИА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска го коментираше прашањето за осудените за тероризам во случајот „Диво насеље“.

На прашањето за наводните сценарија според кои осудените за Диво Насеље ќе се префрлат да ги издржуваат казните на Косово, Петровска одговори:

“Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македонските судови и дека осудените онака како што во процедура, во судска постапка се осудени, треба да ја издржуваат својата казна во затворите во нашата држава, онаму кадешто кривичното дело е сторено. А, доколку постојат било какви сомнежи за условите или за околностите во коишто тие ја издржуваат казната, мислам дека работата на секој еден од нас е да работиме на надминување на таквите предизвици или проблеми, кои се појавуваат, а не тие да ги заобиколуваме”, изјави Петровска за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот