Основачот на „Бели шлемови” пронајден мртов во Истанбул

Фото: МИА

Џејмс ле Мезури, основачот на организацијата што ја обучуваше сириската група за итни интервенции „Бели шлемови” утрово е пронајден мртов во близина на својот дом во Истанбул.

Канцеларијата на истанбулскиот гувернер рече дека е почната истрага за смртта на основачот на спасувачката група „Mayday”. Медиумите, повикувајќи се на безбедносни извори, соопштија дека тој паднал од балконот на својата домашна канцеларија и оти има сомневање дека станува збор за самоубиство.

„Белите шлемови” е организација која спаси илјадници луѓе од териториите што беа под контрола на бунтовниците, а беа бомбардирани од силите на сириската Влада.

Невладината организација има канцеларија во Амстердам и во Истанбул, а нејзините проекти се финансирани од Обединети нации и националните влади.

Сирискиот претседател Башар ал Асад, и неговите поддржувачи, „белите шлемови” ги опишуваат како „играчки на западната пропаганда и бунтовниците под исламско раководство”.

Руското Министерство за надворешни работи во петокот на Твитер напиша дека „белите шлемови” им помагаат на „најопасните терористички групи” и дека Џејмс ле Мезури е поранешен британски агент со познати „врски со терористички групи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот