Османи утре во Брисел за завршниот скрининг состанок помеѓу ЕУ и Северна Македонија

Бујар Османи - министер за надворешни работи / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета во Брисел, каде заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе учествува на билатералниот скрининг помеѓу Европската Комисија и Северна Македонија за Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика, со што се означува и завршувањето на скрининг процесот кој започна минатата есен.

Како што соопшти МНР, на утрешната агенда на Османи е и Самитот ЕУ-Западен Балкан, во организација на бриселската реномирана тинк – тенк организација Friends of Europe. На сесијата насловена “Проширувањето на ЕУ: новата геополитичка неопходност” покрај Османи, со свои обраќања ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Албанија и Црна Гора, Игли Хасани и Маида Горчевиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, генералниот директор на Европската комисија за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман, генералениот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил како и поранешниот еврокомесар за проширување, Штефан Филе.

За време на престојот во Брисел, Османи ќе оствари и билатерални средби и разговори со свои колеги од регионот како и со високи претставници на Унијата, наведуваат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот