Османи: Преживеаните се навреме згрижени, по ден-два ќе бидат префрлени во Скопје

Бујар Османи
Бујар Османи / Фото: МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти.

Како што изјави Османи по посетата на болницата Пирогов во Софија, сите седум хоспитализирани кои ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очкува по еден ден или два да бидат префрлени во Скопје.

– Имаше брза реакција од страна на бугарските здравствени власти. Сите пациенти се навреме згрижени, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден-два за да можеме да ги префлриме после во Скопје, рече Османи.

Тој е во Софија по трагичната несреќа што се случи ноќеска заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот