Османи: Двајца од преживеаните утре ќе бидат донесени во Скопје

Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи / 23 ноември 2021 / фото: Влада на РСМ/принтскрин

Повредените се во добра состојба и двајца од преживеаните утре ќе бидат донесени во Скопје, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната пред конференција. 

Повредените во автобуската несреќа се во добра и стабилна здравствена состојба. Првите двајца ќе бидат пуштени утре, на 27 ноември, други двајца на 28 ноември, уште двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство, соопшти Османи.

-Ги разгледавме сите наредни чекори за да се справиме со преносот на повредените, и посмртните останки на жртвите, рече тој.

Повредените прво ќе бидат сместени во нашите клиники. Владата ќе ги преземе сите трошоци за транспорт и погреб на жртвите.

Ќе имаме и средба со члновите на семејствата на починатите. Подготвени сме за сите аспекти во пренесување и на повредените и на посмртните останки од жртвите. Продолжуваме со комуникација со бугарските власти, додаде Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот