Османи: Дијалогот со Србија не може да биде приоритет додека не се обезбедат вакцини

Вјоса Османи
Вјоса Омани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателката на Косово, Вјоса Османи порача дека за нејзината држава, во актуелната ситуација, не може да биде приоритет дијалогот со Србија, сè додека не се обезбедат потребните количества вакцини против ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со амбасадорот на Чешка во Приштина, Павел Билек, Османи изрази надеж дека државите пријателки ќе му помогнат на Косово да се снабди со вакцините.

-Претседателката Османи (…) нагласи дека не може да се приоретизира дијалогот со Србија, сè додека не се обезбедат вакцините за граѓаните на Косово. Таа нагласи дека во ова време е потребна солидарност меѓу државите и изрази надеж дека Косово ќе биде помогнато од државите пријателки и меѓународните организации во обезбедувањето на потребните количества вакцини за неговите граѓани, се вели во соопштението по средбата на Османи со амбасадорот Билек.

Помош во снабдувањето со вакцини шефицата на косовската држава денеска побара и од вршителот на работите амбасадор на Јапонија во Косово, Огасавара Митсунори.

Како што соопшти кабинетот на Османи, таа му се заблагодарила на Митсунори за постојаната помош од Јапонија за Косово, посебно на полето на здравството и животната средина и воедно изразила задоволство поради учеството на тим од истакнати косовски спортисти на идните Олимписки игри во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот