Оштетените штедачи денеска на собир пред Уставен суд

Фото: МИА

Здружението „Правда на штедачи” денеска 25.05.2021 со почеток во 08.00 часот повторно ќе одржи собир пред Уставниот Суд, на кој ќе се одржи и прес конференција со почеток во 09.00 часот.

Главна причина за собирот е давање на финална поддршка на судиите за донесување на конечна одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Повеќе детали ќе изнесеме на самата прес-конференција на која се поканети сите медиуми да присуствуваат. БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, велат штедачите. Нема сомнение дека оваа точка на дневен ред во изминатиов период доби огромен публицитет и интерес во јавноста. За нас тоа е разбирливо, бидејќи се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем. Токму затоа, ние во Здружението сме свесни дека тоа е причината од каде произлегуваат многубројните опструкции и обиди ова прашање да се стави „под тепих или да се затвори со негативна одлука, се вели во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот