Организирана првата аукција за откуп на оружје- Слободен печат
ВестиПланета

Организирана првата аукција за откуп на оружје

Полицијата соопшти дека 169 лица предале оружје, а исплатени се 288.000 долари.

Жителите на Крајстчрч го предадоа денеска своето оружје во замена за пари, во првата од планираните 250 акции на кои граѓаните на Нов Зеланд ќе можат да го предадат своето оружје.

Полицијата соопшти дека 169 лица предале оружје, а исплатени се 288.000 долари. По нападот во Крајстчрч во април, кога беа убиени 51 лице, Владата на Нов Зеланд по итна постапка усвои закон со кој се забрануваат разни видови на полуавтоматско оружје.

Сопствениците на оружје имаат време до декември да го предадат забранетото оружје. Владата издвоила околу 133 милиони долари за откуп на оружје, а некои медиуми објавуваат дека голем број сопственици не се задоволни од сумата која ја добиваат.

Според проценките, на Нов Зеланд има меѓу еден и 1,5 милиони парчиња оружје и околу 250.000 сопственици со дозвола за оружје.

Можност своето оружје да и го предадат на полицијата имаат и сопствениците на други видови оружје, но тие не добиваат паричен надомест.

Оружјето кое се предава во оваа акција се става под хидраулична преса и се уништува.

Новозеландскиот министер за внатрешни работи Стјуарт Неш изјавил дека резултатите се охрабрувачки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close