Орбан вели дека Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од илегалната миграција

Виктор Орбан
Виктор Орбан/ Фото EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од проблемот со илегалната миграција, која бара многу енергија од трите земји и ги изложува на огромни трошоци.

На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Карл Нехамер по трилатералната средба во Будимпешта, Орбан рече дека тој го иницирал самитот поради влошувањето на ситуацијата со илегалната миграција.

„Светот има и други сериозни проблеми, како што се руско-украинската војна, скапите енергенси и санкциите, и не се фокусира доволно внимание на миграцијата иако тоа прашање е исто толку важно како и претходните. Унгарија ја иницираше оваа средба бидејќи сме во специфична ситуација, имаме миграција од два правци, над милион бегалци дојдоа од правец на Украина, а на нашата јужна граница имаше повеќе од 180 илјади обиди за илегален влез”, рече Орбан.

Орбан нагласи дека од миграциските рути што водат кон Европа „најтешко е погодена западнобалканската рута”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот