Орбан ја започна изборната кампања за ЕУ со ветување дека ќе го „окупира Брисел“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан „исцрта“ мрачна слика на Европа која се движи на работ на вооружен конфликт во говорот на отворањето на кампањата на неговата партија за изборите во Европската унија.

Долгогодишниот лидер влегува во гласањето во јуни, соочувајќи се со значителни предизвици дома и во странство, вклучително и неодамнешните оставки на клучните функционери и нарушената економија, делумно поради задржаните милијарди од фондовите на ЕУ од Унгарија поради загриженоста за владеењето на правото и корупцијата.

Сепак, додека им се обраќаше на членовите на неговата партија Фидес на настанот зад затворени врати во главниот град на Унгарија, Будимпешта, десничарскиот популистички лидер инсистираше на тоа дека европските лидери ги направија нивните земји активни учесници во војната во Украина и побара промена на раководството во ЕУ.

„Раководството во Брисел мора да си замине. Тоа не заслужува уште една шанса. Мора да има промени во Брисел“, рече Орбан и додаде дека ова нема да се случи само по себе дуку дека треба да се преземат чекори за да се „окупира Брисел“.

Говорот на Орбан, кој траеше околу 15 минути, во голема мера се потпираше на темите за кои тој води кампања со години: отфрлање на имиграцијата, непријателство кон правата на ЛГБТК+ и тврдењата дека ЕУ станала угнетувачка сила во Европа.

Во својот завршен збор, тој го откри изборниот манифест на неговата партија кој повикува на промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот