Орбан ја обвини ЕУ дека врши притисок врз земјите кои не се согласуваат со нејзината политика

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Брисел врши притисок и ги уценува суверените држави на ЕУ кои не се согласуваат со политиката на војна, миграцијата и родовите прашања што ја води официјален Брисел.

Во интервју за францускиот Ле Поинт, Орбан рече дека Брисел не го почитувал суверенитетот на Унгарија кога земјата одбила да се согласи да и испрати на Украина дополнителен пакет финансиска помош од 50 милијарди евра.

Осврнувајќи се на извештајот на „Фајненшл тајмс“ за наводната финансиска блокада што ЕУ планира да и ја наметне на Унгарија, што беше демантиран од претставник на Советот на Европа, Орбан рече дека реакцијата на Брисел на одлуката на Будимпешта „не била позитивна“.

Орбан нагласи дека Унгарија е за прекин на огнот и преговори за ставање крај на војната во Украина, што, според него, не е став на повеќето членки на блокот и ја обвини ЕУ дека станува „империјалистичка“. Орбан додаде дека Европската комисија води „идеолошка војна“ против Будимпешта.

Според него, откажувањето на правото на глас на Унгарија во Европскиот совет би било можно само во случај на прекршување на владеењето на правото, но „јасно е“ дека проблемот всушност лежи во унгарската политика кога станува збор за прашањата за миграцијата, родовите прашања и војната.

Орбан додаде и дека ако парите се испратат во Украина, тоа ќе биде направено против волјата на Европејците, бидејќи сумата од 50 милијарди евра ќе значи европски граѓани кои, како што наведе, „страдаат поради лошата економија“.

Зборувајќи за Украина, Орбан оцени дека таа земја претставува проблем за Европа кој не е поврзан со војната со Русија и додаде дека поблиските врски меѓу Брисел и Киев ќе имаат „катастрофални последици“ за ЕУ, особено кога станува збор за земјоделството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот