Орбан: Да не ни го земеа морето – ќе имавме пристаниште; Загреб бара објаснување

Виктор Орбан
Виктор Орбан / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарскиот амбасадор во Хрватска беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи, откако премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека на неговата земја и било „одземено морето“. Истовремено, и хрватскиот амбасадор во Будимпешта побара објаснување од унгарските власти на изјавата на Орбан.

На средбата со претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен, на која разговараа за предложеното ембарго на руската нафта – на што Будимпешта се противи, Орбан рекол дека неговата земја не би имала проблем со забрана на увозот на руска нафта доколку не им било „одземено морето”, алудирајќи на хрватското крајбрежје, чии делови некогаш беа дел од Унгарија.

– Оние кои имаат море и пристаништа можат да носат нафта на танкери. Да не ни го земеа (морето), ќе имавме пристаниште, изјави Орбан во интервју за унгарското државно радио минатиот петок, пренесе Политико, појаснувајќи дека Орбан мислел на јадранскиот брег.

„Хрватска ја осудува изјавата на унгарскиот премиер. Ги осудуваме сите територијални претензии кон соседните земји”, соопшти хрватското Министерство за надворешни работи.

Од хрватското Министерство посочуваат дека ваквите изјави непотребно ги нарушуваат меѓудржавните односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот