Општина Тетово не исплатила плата за декември, синдикатот бара вонредна инспекција

Независниот синдикат за државна администрација информира дека денеска поднел барање до Државниот инспекторат за труд за вонреден надзор во Општина Тетово, бидејќи локалната самоуправа сè уште ја нема исплатено платата за декември. Плата не добиле вработените во општината, како и пожарникарите од тетовската противпожарна бригада.

-Поднесовме барање за вршење на вонреден инспекциски надзор до Државен трудов инспекторат, а со цел констатирање на неправилности на правата од работен однос а се однесуваат за плата и додатоци од плата, за декември 2022, а треба да се исплати до 15 јануари. Денеска е веќе 26 јануари, не е исплатена платата и ние како Синдикат реагиравме и го поднесовме овој акт, информираше денеска Горан Ристески, претседател на Независниот синдикат за државна администрација.

Од синдикатот велат дека, иако барале, не добиле одговор од Општина Тетово за состојбата и затоа го поднеле овој поднесок.

-Неколкупати се обидов да разговарам со овластени лица од општината, со цел да видиме која е причината поради која не е исплатена платата за месец декември. Не наидов на разбирање, односно никој не се одзва ниту за состанок, ниту пак да ни објасни за причините. Ако нема исплата на плата, ќе има протести од членовите на синдикатот вработени во Територијалната противпожарна единица во Тетово, рече Ристески.

МИА побара одговор од Општина Тетово за состојбата преку електронска пошта, но од таму не добивме објаснување на што се должи доцнењето на платите и кога ќе има исплата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот