Општина Тетово која не го собира сметот од улиците започна кампања за подигнување на еколошката свест

Отпад-Тетово/Фото: Слободен печат

Со делење на флаери, но само на албански јазик, денеска Општина Тетово односно Општинскиот инспекторат за животна средина во соработка со тетовските основни училишта започна кампања за подигање на еколошката свест кај граѓаните. Учениците од основното училиште „Братство Миѓени“ низ центарот на градот им делеа флаери на граѓаните во кои се опишува како треба да се однесуваме со средината. Од Инспекторатот велат дека ваквите еколошки акции ќе продолжат и во наредните денови.

Ученици од Тетово/ Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски
Ученичка од Тетово/Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

– Целта на денешната акција е подигнување на еколошката свест, а ја организираме како градски власти заедно со 12 училишта. Ние секој ден ќе ја подигаме еколошката свест. Учениците ќе доделуваат флаери за почиста животна средина. Ова е еден вид превенција за подигнување на еколошката свест, а сета ова го правиме токму за тоа, вели Мердије Дервиши од Општинскиот инспекторат за животна средина.

Од Инспекторатот велат дека има казни, но истите ретко во судовите се процесуираат до крај.

– Има казни, но граѓаните треба до Општинскиот нспекторат да пријават ако некој ја загадува средината на каков било начин, тоа многу ќе помогне, вели Дервиши.

И додека Општината организира еколошки акции, Тетово се гуши во отпад оти комуналното претпријатие нередевно го подига сметот од контејнерите.

Тетовци се надеваа на почист град откако пред две недели Општина Тетово со свечена церемонија на градскиот плоштад ја промовираше словенечката компанија Заубермахер, со која има потпишано договор за менаџирање со сметот, односно подигање и танспортирање на отпадот до регионалната депонија Русино.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш истакна дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во секторот „Комунална хигиена“ ќе ги преземе словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на општина Тетово.

ФОТО: Tетово се гуши во отпад, мини диви депонии во секоја населба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот