Општина Кисела Вода ќе ги награди своите најталентирани жители – Слободен печат
ВестиСкопје

Општина Кисела Вода ќе ги награди своите најталентирани жители

На иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели парични награди за талентирани: ученици, спортисти, наставници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели од општинските основни училишта и јавните детски градинки кои се во нејзина надлежност.

За таа цел, на седница на Советот на Општина Кисела Вода беа изгласани следните правилници за утврдување на општите и посебните критериуми за избор и доделување на паричните награди за талентираните жители на општината:

– Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

– Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици – спортисти од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

– Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода

– Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close