Општина Кисела Вода додели 53 ваучери за новороденчиња

 Општина Кисела Вода на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им додели нови 53 ваучери.

Ваучерите во висина од 6 000 денари, а Општината ги доделува со цел на семејствата да им послужат за првичните потреби за децата.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот