Општина Битола дел од Саемот за градежништво и инвестиции во Сараево

Фото: Општина Битола

Во насока на привлекување нови инвестиции, преку презентација на можностите за економски развој, Општината Битола е дел од саемот „Реал ЕКСПО“, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Делегацијата на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, пред присутните инвеститори, изведувачи, технолошки компании и други експерти, ги претстави уловите што ги има градот Битола.

Присутните гости и посетители, меѓу кои и Шеикот од Обединетите арапски емирати Мохамед бин Сакр Ал Касими како и премиерот на Кантонот Сараево Нихад Ук, имаа можност да добијат повеќе информации за Индустриската зона „Жабени“, за поранешната касарна, но и да се запознаат со големото културно наследство и условите за развој на туризмот во Битола. Саемот „Реал ЕКСПО“, претставува вистинска можност за вмрежување и воспоставување контакти со потенцијални инвеститори во повеќе области-вели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

На саемот во Сараево, покрај Општината Битола, од македонските општини, присутни се и претставници на општините Охрид, Гевгелија, Гази Баба и Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот