Општина Аеродром: Се реконструира надворешниот дел на објектот „Лале“

Фото: Општина Аеродром

Започна целосната реконструкција на надворешниот дел на објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“, информираат од Општина Аеродром.

-Со оваа инвестиција на Општина Аеродром, градинката која ја посетуваат стотици дечиња од општината ќе добие нов современ изглед со еколошка и енергетско-ефикасна фасада, која е изведена според највисоките стандарди. Инвестициите во најмладите и нивниот воспитно-образовен процес остануваат врвен приоритет на општинската администрација. Работиме на подобрување на условите во постојните градинки низ општината, а истовремено и на проширување и создавање на нови капацитети за згрижување на дечињата – стои во известувањето од оваа скопска Општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот