ОПАСНОСТ ОД ГЛОБАЛНА КАТАСТРОФА: Се буди ли супервулканот Јелоустоун кој е закана за пет милијарди луѓе?

Фото: Profimedia

Најсмртоносната глобална катастрофа која сериозно би можела да биде закана за животот на Земјата е удар од астероид. Веднаш потоа, следат и супервулканите поради кои во минатото доаѓало до масовно изумирање на живиот свет и големи климатски промени, пренесува „Јутарњи“.

Супервулканите – на нашата планета има 20 – во просек еруптираат на секои сто илјади години, а изгледа дека следен на ред е американскиот Јелоустоун, на сите познат и како национален парк. Последните години се погласно се шпекулира дека Јелоустоун би можел да се разбуди, а последен тоа го потенцираше американскиот истражувачки новинар Брајан Волш кој пишуваше и за „Њузвик“, „Блумберг“ и „Тајм“, а ова го констатираше во неговата нова кинга „Крајот на времето“.

Според истражувањата на научниците, Јелоустоун еруптирал трипати. Првпат пред 2,1 милиони години, пред 1,3 милиони години и пред 640 илјади години. Така, следната ерупција според некои пресметки, е прашање на годината. Инаку, Јелоустоун е релативно активен, и годишно го зафаќат околу 3.000 земјотреси.

Доколку би дошло до експлозија од најголема категорија, загрозени се околу пет милијарди луѓе на Земјата. Секако, од САД ништо не би останало, блиското подрачје до вулканот би било покрено со магма, додека околните американски сојузни држави би биле покриени со еден метар пепел.

Во ова катаклизмично предвидување носи лоши вести и за сите луѓе надвор од САД. При ерупцијата, поради отровните гасови како сулфур диоксид, би паѓале кисели дождови, а целата планета би била покриена со густ облак. Тој облак потоа би ги одбивал сончевите зраци и неколку години би траела и вулканска зима. Една проекција на Обединетите нации од 2012 година вели дека доколку на земјата има вулканска зима, залихите на храна на човештовото би траеле само 74 дена.

Сепак, има нешто охрабрувачко во целата приказна. Пред две години НАСА собра тим на експерти кои треба да го решат или да ги ублажат пробемите со Јелоустоун. Имаат идеја која, освен што би ја спречила ерупцијата, би произведувала и електрична енергија. Цената на овој проект е 3,5 милијарди долари, а поедноставно речено, во базените на хидротермалната вода кои се наоѓаат под Јелоустоун би се „вбризгувала“ студена вода која би ја извлекла топлината од вулканот, што би можело да ја спречи магмата да достигне температура поради која еруптира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот