ОН: И Украинците се виновни за нападот врз домот за старци во Луганск

Foto: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украинските сили имаат голем, а можеби и еднаков дел од вината за нападот на домот за стари лица во Луганск две недели по почетокот на војната.

Во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН не се наведени воени злосторства од ниту една страна, но се вели дека постои загриженост дека Украинците ги користеле луѓето во домот за стари лица како жив штит за да спречат воени операции во областа.

Десетици стари и неподвижни пациенти со денови останаа заробени во домот за стари лица без струја и вода. Украинските власти ги обвинија руските сили дека убиле повеќе од 50 цивили, пишува АП.

Најмалку 22 од 71 лице го преживеаја нападот, но точниот број на загинатите сè уште не е познат, според ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот