Oливер Кан за Халанд: Баерн троши колку што заработува, не го доведовме зошто беше скап

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Eрлинг Халанд кој сега го носи дресот на Манчестер Сити претходно се поврзуваше и со Баерн Минхен, а легендарниот Оливер Кан објасни зошто не го довеле Норвежанецот.

Кан не негираше дека покажале интерес за Халанд, меѓутоа тие останале на својата филозофија да работат без долгови и Норвежанецот кој тогаш настапуваше за Борусија Дортмунд им бил прескап.

„Баерн Минхен е клуб кој има јасна филозофија, работиме без долгови. Халанд не го доведовме затоа што беше скап, потребни беа многу пари. Ние во секој преоден рок трошиме, толку колку што ќе заработиме. Но, секогаш инвестиација со многу пари во еден играч е ризична“, изјави Кан кој работи како генерален директор на Баерн Минхен.

Халанд имаше клазула во својот договор и конкретно сумата за оштетата не беше превисока, изнесуваше околу 70 милиони евра. Сепак, целиот пакет со провизијата за агентот и неговиот татко и платата на фудбалерот изнесувал околу 300 милиони евра.

Халанд пред потпис на договор вреден 20 милиони фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот