Халанд пред потпис на договор вреден 20 милиони фунти

Фото: EPA-EFE/Hannibal Hanschke

Според информациите на новинарот, Дејвид Орнстин, Ерлинг Халанд ќе потпише договор со американската компанија „Најк“.

22-годишниот напаѓач и неговите застапници се договориле со американската компанија за повеќегодишен договор од кој Халанд би заработил околу 20 милиони фунти. „Адидас“ и „Пума“ исто така биле во игра, но на крајот Норвежанецот го избрал „Најк“.

Вредноста на Халанд на трансфер пазарот се проценува на 170 милиони евра, а со Манчестер Сити има договор до 2027 година. Во актуелната сезона постигна 33 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот