Фото: МВР

ОЈО: Украдената бронзена биста била од гробот на Стале Попов и Бранка Поповска – вреди над 5.000 евра

Од ОЈО Скопје информираат дека е отворена постапка против четворицата осомничени кои пред два дена беа „фатени“ и уапсени поради кражба на надгробна бронзена биста од гробиштата во Бутел, која според Обвинителството, вреди 320.000 денари и била одземена од алејата на заслужните граѓани, поточно од платформата на гробот на Стале Попов и Бранка Поповска.

Полицијата конечно фати дел од крадците кои годинава однесоа 50 бисти од гробиштата „Бутел“

Осомничените О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје, се гонат поради сторени кривични дела тешка кражба и сквернавење на гроб. Тие на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска, со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба.

„Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место“, велат од Обвинителството.

Откако ја „откорнале“ бистата, тие ја влечеле до жичената ограда каде претходно направиле отвор преку кој ја префрлиле украдената биста и ја натовариле во автомобил.

„Во возилото „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста и две скулптури на човечки тела во седечка положба, од кој едната е во поголема, а другата помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата“, велат од МВР.

ФОТО | Гробиштата во Бутел „тонат“ во густи и високи треви, надлежните тврдат дека редовно се одржува просторот

Од ОЈО велат дека проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари, или нешто над 5.300 евра.

За половина година украдени 42 бисти од гробни места, ниеден сторител не е фатен

По скоро една година, конечно ова е прво пресретнување и апсење на дел од сторителите кои „оперираат“ по скопските гробишта, а според податоците кои „Слободен печат“ ги доби од МВР, од почетокот на оваа година па сѐ до јуни, од дотогаш регистрираните 42 случаи на украдени надгробни бисти во Скопје, број кој денес е зголемен и е близу 50, е направена штета во висина од 260.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот