ОЈО го повлече предлогот за притвор на еден од осомничените во случајот со барање пари од бизнисмен

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство го прифати предлогот за првоосомничениот со иницијали М.М., кој се гони за делото измама и му определил притвор од осум дена бидејќи станува збор за предмет по скратена постапка.  Кај второсомничениот за лажно претставување, пак, откако обвинителството побарало поблаги мерки, судијата му го одзел пасошот и му наложил повремено да се пријавува во судот.

„По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштето за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот јавен обвинител го повлече предлогот за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство“,соопштија од Основниот кривичен суд.

Во соопштението кое ОЈО Скопје го објави претходно не наведоа дека еден од осомничените е вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Иако според неофицијални информации во случајот тој е лицето што се гони за лажно претставување, од АНБ во изјава за државната агенција МИА демантираа дека вработени во Агенцијата се уапсени или инволвирани во случајот.

ОЈО бара притвор за двајца измамници, нејасно е дали едниот бил вработен во АНБ или лажно се претставувал

АНБ за „Слободен печат“: Целосно ги демантираме наводите за апсења на наши вработени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот