Огромен прекин на апликацијата „Месинџер“ на „Фејсбук“: Илјадници корисници пријавуваат проблеми

unsplash

Социјалната мрежа „Фејсбук“ чија најчесто користена апикација е „Месинџер“ моментално не функционира во повеќе земји во Европа и кај нас.

Корисниците не можат да пристапат до услугата и се соочуваат со фрустрирачки ден бидејќи апликацијата едноставно е прекината и не работи. Техничките проблеми се чини дека започнаа околу 10 часот утрово оставајќи илјадници гневни корисници кои не можат да пристапат до своите приватни разговори.

unsplash

Податоците од независната веб страница „DownDetector’“, која го следи статусот на серверот на мрежни услуги засновани на споменувања низ социјалните медиуми, покажуваат илјадници корисници на „Месинџер“ кои не можат да пристапат до нивната апликација повеќе од два часа.

Корисниците на популарната апликација се жалат дека не можат да се најават, да испраќаат пораки или да примаат онлајн повици, речиси на сите им покажува дека имаат проблеми со Интернет.

Се чини дека повеќето од проблемите се однесуваат на корисници од Европа. Меѓу погодените земји покрај нашата држава се и Велика Британија, Франција и Белгија. А веќе реагираат и од Полска велејќи дека големи области од нивната држава се погодени од истите проблеми со „Месинџер“.

Во моментов никој не знае што ги предизвикува проблемите или кога ќе бидат поправени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот