Официјално: Чалханоглу направи трансфер од Милан во Интер

epa08933989 Milan's Hakan Calhanoglu scores the winning penalty (5-4) during the Italian Cup round of sixteen soccer match between AC Milan and Torino FC at the Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 12 January 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Како што информираат од Интер на својот клупски сајт, турскиот играч од средниот ред потпиша договор со „нераѕурите“ кој ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Хакан Чалханоглу (27) досега ги бранеше боите на градскиот ривал на Интер, екипата на Милан за чии бои запиша 135 настапи и реализираше 22 голови.

Се шпекулираше дека ќе ја продолжи соработката со Милан, но но актуелниот шампион на Италија беше најбрз, особено по пехот и страшните моменти кои се случуваа на Европското првенство, колабирањето на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен.

Пред да се пресели во Италија Чалханоглу настапуваше уште за Карлсруе, Хамбургер и Баер Леверкузен.

Во Интер се очекува да има плата од 4,5 милиони евра во првата година, а во втората и третата ќе заработи пет милиони.

Челси планира пет нови засилувања и неочекувано име во нападот за одбрана на европската титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот