Официјално: Перез потпиша нов договор со „Ред Бул“

Серхио Перез врза за „Ред Бул“ до 2024 година/Фото: EPA-EFE/Maxim Shemetov / POOL

По победата на трката за Големата награда на Монако, возачот на „Ред Бул“ Серхио Перез има дополнителна причина за славење бидејќи му беше доделен нов договор.

Перез потпиша двегодишно продолжување на договорот, па со „Ред Бул“ е врзан до крајот на 2024 година. Дојде во тимот на крајот на 2020 година, а минатата сезона ја имаше најуспешната сезона во кариерата со 190 поени и победи во Азербејџан. Четири пати се најде и на подиумот.

– Ова е неверојатна недела за мене, освојувањето на Монако е сон на секој возач, а сега официјалното продолжување на соработката до 2024 година е официјално. Исклучително сум среќен и горд што сум дел од тимот. Се чувствувам како дома. Возбуден сум, сакам да видам каде ќе нè однесе во иднина – вели Перез.

Пофални зборови за Мексиканецот упати тимскиот шеф Кристијан Хорнер.

– Откако ни се приклучи, Перез заврши фантастична работа. Тој се покажа како фантастичен тимски играч. Оваа година направи уште еден чекор кон светскиот шампион Макс Ферстапен и значително ја намали разликата. Ние среќни сме што ќе остане со нас до 2024 година. Веруваме дека имаме возачки тандем кој може да ни ги донесе најголемите успеси во Формула 1 – рече Хорнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот