Официјално двајца загинати во масовни поплави во Белгија, а пријавени се повеќе исчезнати лица

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Цел ден и цела ноќ вчера непрекинатите дождови го поплавија југот на Белгија и посебно градот Лиеж и неговата околина, при што загинаа две лица.

Пријавени се повеќе исчезнати лица исто така, порачаа градските власти во Лиеж, по нив сѐ уште се трага. Една од жртвите е 22-годишно момче кое се обидело да се спаси од поплавите со гума за пливање, за другата жртва сѐ уште нема детали за нејзиниот идентите.

Ситуацијата е повеќе од критична, апелираат властите.

Целата железничка инфраструктура е прекината, возовите не циркулираат од вчера поради опасноста за безбедноста на целиот персонал, но и за да се пренасочат сите ресурси на спасување на луѓето заглавени во овие масовни поплави.

Во меѓувреме властите продолжуваат да ги евакуираат жителите од нивните домови, патиштата и автопатиштата се затворени.

Според метеоролошките прогнози дождовите ќе продолжат и денеска цел ден, реката Меза би можела да го преплави градот Лиеж, трговците и жителите се молат да ги испразнат своите подруми и да ги преземат сите превентивни мерки.

Се очекува дождовите да престанат дури в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот