Официјално: Ди Марија се врати во Бенфика

Фото: SL Benfica

Aргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија е нов фудбалер на Бенфика, објави клубот од Лисабн.

Бенфика не објави детали од договорот, а португалските медиуми пренесуваат дека станува збор за едногодишен договор.

Ди Марија од 2007. до 2010. година веќе го носеше дресот на Бенфика и тогаш во Лисабон стигна од Росарио за осум милиони евра. Во текот на својот период во Бенфика, Ди Марија одигра 121 натпревар и постигна 15 голови, додавајќи 28 асистенции.

Сега во Бенфика пристигнува од Јувентус, а во кариерата настапуваше уште за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот