Официјално: Дембеле уште две години ќе го носи дресот на Барселона

Осман Дембеле останува во Барселона/фото: EPA-EFE/ALEJANDO GARCIA

Сагата околу иднината на францускиот репрезентативец Осман Дембеле денеска заврши со потпишување на нов договор со Барселона до 2024 година.

Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд во трансфер тежок 140 милиони евра. Беше доведен како замена за Нејмар, но поради честите повреди и неспортскиот живот стана еден од најголените промашувања во клупската историја, па дури и навивачите му го свртија грбот и бараа негово заминување.

Но, работите се променија во ноември минатата година кога клупската легенда Чави Ернандез стана тренер на Барселона. Дембеле под водство на Чави одигра одлична сезона и конечно покажа зошто Барселона го плати дури 140 милиони евра, постигна само еден гол, но имаше дури 13 асистенции и го сврте вниманието на клубовите.

Барселона му нудеше нов договор со кој ќе има помала плата, претходно бараше од него сам да си замине од „Камп Ноу“, но на крајот претседателот Жоан Лапорта успеа да најде заеднички јазик со фудбалерот кој денеска на интересен начин потврди дека останува уште две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот