Официјалните стартни состави на Македонија и Италија

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Двајцата селектори Благоја Милевски и Лучано Спалети одлучија со кои 11 ќе стартуваат на вечерашниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 помеѓу Македонија и Италија.

За нашата А селекција стандардно на голманската позиција е Димитриевски, во одбраната се Муслиу, Манев и Зајков.

Нешто понапред се Алиоски и Ашковски, потоа во средниот ред капитенот Барди, Атанасов и Елези, а во нападот Елмас и Миовски.

Од клупата шанса за настап ќе чекаат Адеми, Алексовски, Алими, Д. Бабунски, Димоски, Дориев, Иљазовски, Несторовски, М. Ристовски, Серафимов, Шишковски, Трајковски.

Во продолжение и стартниот состав на Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Димарко, Барела, Кристанте, Тонали, Политано, Имобиле и Ѕакањи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот