Официјален тренинг на Македонија до 21 пред натпреварот против Гибралтар

фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје го имаше официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со Гибралтар во квалификациите за пласман на Европско првенство.

Овој натпревар од петтото коло во групата „7“ од квалификациите против Гибралтар ќе започне во 14.00 часот.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се обидат да стигнат до втората победа во овие квалификации.

На 26 март, Македонија на домашен терен ќе ја пречека незгодната селекција на Шведска.

Младиот репрезентативец Матеј Ангелов вели дека сè освен победи против Гибралтар и Шведска би било неуспех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот