Одѕивот на изборите во Албанија е 21,6 проценти, Рама и Баша се појавија пред народот

Повеќе од два часа по завршувањето на изборниот процес во Албанија, Централната изборна комисија соопшти колкав е официјалниот процент на излезеност на денешните локални избори.

Топ Чанел пренесува дека според ЦИК, 21.6 проценти е одѕивот на Албанците на денешното гласање.
И додека се чекаат официјалните податоци од Комисијата, лидерите на мнозинството и опозицијата, се појавија со првите прес-конфернции.

Прв беше претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша кој рече дека изборната „пародија“, како што ја нарече, беше одбиена и од самите подржувачи на Социјалистичаката партија.

– 85 проценти од гласачите гo бојкотираа ова гласања. Денеска Еди Рама го напуштија и социјалистите, затоа што за него гласаа помалку од 2015 година и 2017 – рече Баша, пренесува А2.

Тој додаде дека „повторно имаше масовни манипулации, вклучувајќи ги и однапред одредените резултати, искористување на јавни ресурси“.

Рама пак 30 јуни го нарече ден кога „победи иднината, државата и граѓанството“.

– Победи утрешноста на Албанија, изгуби срамно вчерашната Албанија. Беше тешка победа до денешната „битка“ на Албанија. Не паметам дека имало по тежок ден, се бореше демократскиот систем со противниците на изборите. Денеска, 30 јуни кој се чинеше дека нема да пристигне никогаш, бега мирно. Една голема благодарност тука на меѓународните партнери кои имаа цврст став – изјави Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот