Одлука за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка со В. Британија и С. Ирска

На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната 28 седница донесе Одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Со оваа спогодба, соопштуваат од владината прес-служба, се обезбедува целосен континуитет на трговските односи меѓу двете држави, на начин и во обем кој тековно се реализира преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако после Брегзит  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска нема да е обврзана со договорите на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот