Одигра само 17 минути, сега Барселона треба да му плати дури 8,5 милиони евра

фото: EPA-EFE/MARCELO SAYAO

Фудбалскиот клуб Барселона ќе треба да му плати 8,5 милиони евра на поранешниот играч Матеус Фернандес, според пресудата на шпанскиот суд.

Фернандес пристигна во Барселона во 2020 година од Палмеирас со отштета од седум милиони евра. Каталонскиот клуб тогаш постави ослободителна клаузула од 300 милиони евра за бразилскиот фудбалер, кој потпиша договор со Барселона до крајот на 2025 година.

Во сезоната 2020/21, Бразилецот одигра само 17 минути за Барселона во натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Киев, а тимот од Ноу Камп го ослободи Бразилецот во летото 2021 година.

Тогаш Фернандес за ова го тужеше каталонскиот клуб и бараше отштета од речиси 15 милиони евра, но шпанскиот суд одлучи Барса на Фернандез да му плати вкупно нешто повеќе од 8,5 милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона има право на жалба до Врховниот суд на правдата. Фернандес е член на Палмеирас, а до крајот на оваа година ќе игра како позајмен во Брагантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот