Одби 84 милиони долари од Лејкерси, па за 5,9 милиони се пресели во Бостон

Германецот дојде до сценариото кое не го посакуваше/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Германскиот плејмејкер Денис Шрудер ќе биде нов играч на Бостон селтикс, пренесува Адријан Војнаровски.

Имаше опција да потпише договор со Лејкерс за 84 милиони долари, но тој сакаше сума од 120 милиони и дојде до сценариото кое најмалку го посакуваше.

Сега одлучи да направи трансфер во редовите на Бостон селтикс за поскромни 5,9 милиони долари за една година, откако не му беше исполнета желбата.

Лани во дресот на „езерџиите“ имаше просек од 15,4 поени и 5,8 асистенции по натпревар.

На овој потег на Германецот се насмеа и легендарниот Шекил О`Нил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот